x
x

CH-R 2019

Избор на боја

Бела

Опрема

НИВО CENTER

НАДВОРЕШНОСТ

  • Привремена, резервна гума, инсталирана во багажниот под со сет на промена на тркало
  • Еднобојна каросерија
  • Автоматски халогени фарови со функција "Follow me home"
  • Мануелно регулирање на височината на предните фарови
  • Странични ретровизори во боја на каросерија со вградени трепкачи, електрично прилагодување и рачно преклопување
  • Нов дизајн на графиката на задните светла во комбинација на LED & халогени сијалици
  • Нов дизајн-парабола на  LED дневни светла со автоматска активација при стартување на автомобилот (Daytime Running Lights)
  • Предни и задни бришачи со прилагодување на интервали
  • Систем за одмрзнување на задното стакло со автоматско исклучување
  • Задна врата која се отвора нагоре со интегриран спојлер и вградено 3-то LED стоп светло
  • Антена во форма на перка на ајкула
  • Рачки на вратите во боја на каросерија
  • Црни, офроуд калници и штитници на праговите
  • Зелено тонирани стакла, со UV заштита и термоизолација
  • Лимитатор на брзина
  • Нов дизајн на 17" алу-бандаши со пневматици со димензија 215/60 R17 со карактеристичен Center дизајн
  • Мултифункционален волан опшиен во кожа, со вградени команди за аудио системот, телефонот и борд компјутерот
  • Аналогни инструменти (брзиномер и економер) во комбинација со мулти-информациски, TFT 4.2" дисплеј во боја кај инструмент таблата
  • Халогени фарови за магла, интегрирани во предниот браник

ВНАТРЕШНОСТ - КОМФОР И УДОБНОСТ

  • Двозонски, автоматски клима уред, со независна контрола за возачот и совозачот, функција за внатрешна рециркулација на воздухот и 3 авто-режими на интензитет на делување
  • Внатрешен ретровизор со рачно прилагодување за затемнување
  • Електрично задвижувани предни и задни прозорски стакла со систем против приклештување
  • Мултифункционален волан со вградена контрола за борд компјутер
  • Волан опшиен со регулирање по височина и длабочина (телескопски)
  • Рачка за трепкачи со one touch функција (3 повторувања за престројување на лента) и автоматско деактивирање
  • Централно заклучување со далечинска команда, вградено во клучот на автомобилот
  • Автоматично заключване на автомобила след достигане на определена скорост
  • Тапацир на седиштата во CENTER дизајн (текстил А црн)
  • Подлабоко профилиран седечки дел од предните седишта и потпирачите за грб
  • Електрична рачна сопирачка со Hold функција за помош при блокирање на возилото на кратки застанувања (пр. семафор)
  • Обложени делови од инструмент таблата меки на допир
  • Осветлување на внатрешноста и багажниот дел
  • Одложено активирање на осветлувањето при влез и излез од автомобилот
  • Штитници за сонце со вградени осветлени огледала за патниците напред
  • Рачно прилагодување на позицијата на предните седишта по должина (260mm) и аголно, а седиштето на возачот и по височина
  • Кожно опшивање на рачката од менувачот
  • Преклопување на задните седишта до рамен под во однос 60:40 преку рачка за преклопување, само со еден потег (систем Toyota Easy Flat)
  • Изключително нисък товарен ръб на багажника - само 65 см от земята
  • Подвижна, ролетна, заштитна прекривка во багажникот на нивото на горниот раб од задните седишта
  • Подвижна, мултифункционална, хоризонтална мрежа за укрепване на предмети в багажника
  • Допълнително място за съхранение на предмети под кората на пода в багажника (30 литра)
  • Потпирач за раце меѓу предните седишта со затворена преграда за предмети
  • Подвижен подлакътник с 2 поставки за чаши между двете задни седалки
  • Затворена и осветлена преграда пред совозачот
  • Преграда за мобилен телефон или предмети, 2 прегради за чаши меѓу двете предни седишта
  • Поставка за мобилен телефон и предмети с мека, гумирана основа над жабката
  • Електричен приклучок за 12V/120W во потпирачот за раце меѓу предните седишта

АУДИО И ИНФО СИСТЕМИ

  • Toyota Touch 2 мултимедија систем со можност за надоградба со навигациски модул:
    - 8" екран во боја со висока резолуција, чувствителен на допир
    - Задна колор камера за помош при паркирање со визуелен приказ на 8" екран и насочување
    - Аудио систем со 6 звучника
    - Радио со FM / AM приемник
    - USB и аудио приклучоци за поврзување на iPod® nano, iPod® (од 5-та генерација) и други преносни MP3 плеери - Контрола на iPod и MP3 плеер преку екранот чувствителен на допир
    - Bluetooth® поврзување за мобилни телефони за разговори со слободни раце (Hands free), за репродуцирање на музика од моб. телефон и користење на телефонскиот именик
  • Не располага со CD плеер
  • Систем за стартување на возилото преку копче Smart Start System

НОВ ПАКЕТ - НИВО CLUB

(Дополнително опремување над нивото CENTER)

НАДВОРЕШНОСТ

  • Електрохроматски внатрешен ретровизор
  • 18" алу-бандаши со димензија на пневматици 225/50 R18 со карактеристичен Club дизајн - со машински обработени краци - двобојни
  • Двобоен избор на комбинација на бои - долниот дел од каросеријата во една боја - кровот во црна боја ексклузивно за нивото CLUB
  • Дополнитено затемнето задно стакло и странични стакла
  • Црно лакирани рамки на стаклата од вратите

ВНАТРЕШНОСТ - КОМФОР И УДОБНОСТ

  • Тапацир на седиштата во CLUB дизајн (текстил Е)
  • Осветлување на странични тапацири на вратите и на инструмент табла
  • Сензор за дожд со автоматско активирање на предни бришачи
  • Хром декор на прекунувачите за стакла
  • Странични лајсни на тапацирите на вратите лакирани во црна боја
  • Висинско прилагодување на совозачко седиште
  • Електрично прилагодување на потпората во делот на кичмениот столб - лумбално на возачкото седиште
  • Предни и задни паркинг сензори
  • Предни седишта греење на седечкиот дел и потпирачите за грб, џебови на задната страна

НИВО CULT

(Дополнително опремување над нивото CLUB)

НАДВОРЕШНОСТ

  • Систем за автоматско отклучување / заклучување преку допир на рачките за отворање и стартување на моторот со копче (Smart Entry & Start System)
  • Нов дизајн на 18" алу-бандаши со димензија на пневматици 225/50 R18 со карактеристичен Cult дизајн - со машински обработени краци - двобојни
  • Нов дизајн-парабола на LED - (Hi варијанта) дневни светла со автоматска активација при стартување на автомобилот (Daytime Running Lights)
  • Нов дизајн на графиката на задните светла во LED технологија
  • LED светла за магла напред
  • Странични ретровизори во боја на каросерија со вградени трепкачи, електрично прилагодување и греење и преклопување на копче

ВНАТРЕШНОСТ - КОМФОР И УДОБНОСТ

  • Тапацир на седиштата со сини инсерти во CULT дизајн (текстил B Dynamic)
  • Греење на волан
  • Dynamic дизајн на инструмент табла со украсна лајсна во сина боја
  • Nano e технологија на клима уредот со јонизатор и навлажнувач на воздухот за елиминирање на бактерии
  • C-HR е прв во сегментот на кросоувер автомобили во светот, кој нуди хибриден погон!
  • Бензински-електричен FULL (комплетен) ХИБРИД (HSD, Hybrid Synergy Drive), кој интегрира 1.8/2.0-литрен бензински мотор (98/152 КС) и електромотор (72/109 КС)
  • Автоматска, без степена, хибридна трансмисија (E-CVT, Electronic-Continuously Variable Transmission)
  • Избор на 4 режими на управување: EV / NORMAL / ECO / SPORT
    - Електричен режим EV е автоматски режим кај секој комплетен хибрид на Toyota. Под 50 км/ч (при тргнување, рамномерно движење, движење по инерција или сопирање) хибридниот систем автоматски и не приметно го исклучува бензинскиот мотор и ги користи само електромоторите, за да го придвижува автомобилот - скоро бесшумно, без потрошувачка на гориво и без емисија на штетни материи. Така до 50% од градското возење на хибридите Toyota се извршува во целосен електричен режим, што е причина за ниската потрошувачка. Кога го активирате режимот EV рачно преку копчето, го инструирате хибридниот систем да го користи максимално долго електричниот режим (до исцрпување на батериите или преминување на брзината).
    - Режимот NORMAL е стандардниот, оптимален режим на C-HR Hybrid, кој е активен, освен ако не изберете друг режим на управување.
    - Во режимот ECO се намалува чувствителноста на педалот за забрзување со цел економично управување, а клима уредот влегува во по отимален, еко-режим.
    - Во режимот SPORT се изострува чувствителноста на педалот за забрзување и реакцијата на хибридниот систем за изразено спортско управување и движење.
  • КАКО РАБОТИ КОМПЛЕТНИОТ ХИБРИД TOYOTA C-HR HYBRID:
    1) Стартување и тргнување: При тргање имате моментно задвижување од електромоторот кој самостојно го забрзува C-HR Hybrid-от.
    2) Нормални услови на управување: При управување со брзина над 50 км/ч бензинскиот мотор со висока ефикасност се вклучува скоро бесшумно за задвижување на предните тркала, а во исто време електромоторот продолжува да го потпомага задвижувањето по потреба. Преку прецизно распределување на енергијата од двата погонски мотори, хибридниот систем осигурува исклучителен комфор во возењето, вклучително и ниска потрошувачка и минимална емисија на штетни материи.
    3) Максимално забрзување: При посилно притискање на педалот за забрзување, електромоторот моментно започнува да го потпомага бензинскиот мотор со што се добива ефектот на турбо. Тоа осигурува наплив на огромен електричен вртежен момент кон погонските тркала и исклучително брзо и непрекинато линеарно забрзување до максималната брзина на автомобилот. Моменталната реакција и еластичност на хибридите Toyota при претекнување се импресивни!
    4) Движење по инерција, успорување и сопирање: При движење по инерција, успорување и потполно сопирање, хибридниот систем го исклучува бензинскиот мотор, а електромагентната сопирачка ја регенерира бесплатната кинетична енергија (која се губи неповратно кај другите автомобили), претворајќи ја во електрична и ја складира во батериите. Истата таа енергија подоцна се користи за забрзување. Затоа комплетните хибриди на Toyota немаат потреба од надворешен извор на енергија. Генијално и ефекасно!

* Функцијата не е компатибилна со сите модели на мобилни апарати.

АКТИВНА БЕЗБЕДНОСТ, ДИНАМИКА ПРИ УПРАВУВАЊЕ И СУСПЕНЗИЈА

  • 1) Активен систем, за помош при избегнување на судир (PCS, Pre-Crash Safety) со Автоматска сопирачка за спречување на судир (AEB, Automatic Emergency Brake) и Препознавање на пешаци. Преку радар и камера системот PCS ги следи патните услови пред автомобилот за присуство на препреки. При ризик од судир со автомобил или пешак: 1) го предупредува возачот звучно и визуелно, 2) ја подпомага силата на сопирање на возачот, со цел побрзо сопирање, 3) при отсуство на реакција на возачот, автоматски ја активира сопирачката за спречување на судир (10-180 км/ч | до 80 км/ч за пешаци).
  • 2) Адаптивен темпомат (Adaptive Cruise Control), кој ја одржува постојана зададената брзина и растојанието во однос на претходното возило. Растојанието се регулира преку воланот до три нивоа: 30м, 40м, 50м. Системот функционира при брзина од 0-180 км/ч.
  • 3) Систем за предупредување при напуштање на патната лента и Асистент за следење на патната лента (LDA & LKA, Lane Departure Alert & Lane Keep Assist), кој преку камера ја следи обележаната и избраната патна лента. При можност автомобилот да ја напушти патна лента, системот го предупредува возачот звучно и визуелно и врши еднократна, лесна корекција на воланот во правилната насока. Системот се управува од воланот и функционира при брзина од 50-180 км/ч на јасно обележана патна лента.
  • 4) Асистент за автоматско вклучување/исклучување на долги и кратки светла (AHB, Automatic High Beam), кои ги регистрираат фаровите на возилата од спротивен правец, задните светла на претходните возила и улично осветлување и автоматски префрла помеѓу долги и кратки светлини, за да спречи заслепување на другите учесници во сообраќајот (40-180 км/ч).
  • 5) Систем за предупредување при замор на возачот, кој следи дали автомобилот ја следи патната лента и доколку регистрира дека автомобилот често неконтролирано ја напушта лентата, визуелно го предупредува возачот.
  • Сопирачки систем против блокирање на сопирачките со електронска распределба на силата на сопирање и помош при ненадејно сопирање (ABS + EBD + BA)
  • Систем за контрола на тракцијата (TRC, Traction Control) со автоматско сопирање на тркалата кои пролизгуваат, прераспределување на вртежниот момент и регулирање на вртежите на моторот (со команда за исклучување)
  • Систем за управување на динамичката контрола на автомобилот (VSC, Vehicle Stability Control)
  • Систем за помош при тргнување под агол (HAC, Hill-Start Assist Control). Автоматски го задржува автомобилот за 2 секунди преку блокирање на 4-те тркала.
  • Система за контрол на стабилността на ремарке (TSC, Trailer Stability Control), която следи чрез сензори за дестабилизиране на тегленото ремарке. Когато отчете риск от залюляване на ремаркето, системата автоматично прилага корекция върху скоростта и страничното отклонение, за да го предотврати, предупреждава водача и задейства стоп-светлините на автомобила.
  • Електрично прогресивно серво асистенција на воланот (EPS, Electric Power Steering)
  • Активни стоп светла, пулсираат автоматски при ненадејно сопирање (EBS, Emergency Brake-Light Signal)
  • Предупредување за намален притисок на воздух во пневматиците (TPWS, Tyre Pressure Warning System)
  • Предна, независна суспензија тип MacPherson со спирални пружини
  • Задна, независна мултилинк суспензија

ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ И СИГУРНОСТ

  • Конструкција и браници, дизајнирани да ја абсорбираат енергијата при директен удар и да ги заштитат пешаците при несреќа.
  • Интегрирани във вратите греди срещу страничен удар и усилена средна странична колона
  • Стандарден пакет од 6 воздушни перници, интегрирани во системот за пасивна безбедност:
    - 2 Фронтални, воздушни перници за глава за предните седишта
    - 2 Странични, двокоморни, воздушни перници за предните седишта, за заштита на градниот кош и карличниот предел
    - 2 Странични, воздушни перници тип "Завеси" на предните и задните места за седење
  • Предни, сигурносни ремени со прицврстување во три точки со автоматско притегнување и прилагодување по висина
  • Сигурносни ремени со прицврстување во три точки назад
  • Предупредување за непоставени ремени за предните и задните седишта
  • Предни седишта со систем за намалување на можноста за повреди при удар одзади
  • Регулирање на потпирачите за глава по висина на сите седишта
  • Isofix систем за фиксирање на детско седиште на страничните задни седишта
  • Безбедносно заклучување на задните врати за отворање од внатре (child-lock)

Спецификации

C-HR 2016 Specifikacii

 

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ HYBRID
1.8 HYBRID 2WD
E-CVT / 122
1.8 HYBRID 2WD
E-CVT / 122
Тип на погон 2WD / Задвижување на предните тркала
Трансмисија Тип и број на степени Автоматска, хибридна E-CVT
Работна зафатнина на моторот cmᶾ 1798 1987
Максимална системска моќност на хибридниот систем КС 122 184
Максимална моќност на моторот со внатрешно согорување КС при врт./мин 98 / 5200 152 / 6000
Максимална моќност на електромоторот КС при врт./мин 72 109
Максимална моќност на електромоторот Nm при врт./мин 163/0 202/0
Максимален вртежен момент на бензинскиот мотор Nm при врт./мин 142 / 4000 190/4400-5200
Максимална брзина km/h 170 180
Забрзување (0-100 km/h) секунди 11.0 8.2
Потрошувачка (комбинирана)*WLTP л / 100 км 4.9 5.3
Потрошувачка (ниска брзина)* л / 100 км 4.1 4.9
Потрошувачка (средна брзина )* л / 100 км 3.9 4.3
Потрошувачка (висока брзина)* л / 100 км 4.3 4.3
Потрошувачка (многу висока брзина)* л / 100 км 6.2 6.5
Потрошувачка (многу висока брзина)* л / 100 км 6.2 6.5
Капацитет на резервоарот за гориво литри 43
Емисија на CO2 (комбинирано)*WLTP г / км 111 120
Емисија на CO2 (ниска брзина)* г / км 93 110
Емисија на CO2 (средна брзина )* г / км 89 98
Емисија на CO2 (висока брзина)* г / км 98 106
Емисија на CO2 (многу висока брзина)* г / км 141 147
Еко норма   Euro6
Суспензија тип Предна, независна тип MacPherson / Задна, независна со двојни држачи
Должина / Ширина / Висина мм 4390 / 1795 / 1555
Меѓуоскино растојание мм 2640
Минимално растојание од подлога (клиренс) мм 160
Зафатнина на багажникот** литри 377 358


* Потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 се измерени во контролирана средина според Директивата 80/1268/ЕЕС. Стилот на управување, како и другите услови (патна подлога, густина на сообраќај, товар, број на пaтници и др.).
** Измерени според методот VDA на автомобил со привремена резервна гума. При исправени задни седишта до висина на заштитна ролетна.

Галерија