x
x

ЗОШТО ХИБРИД?

Животот е едноставен со Хибрид, едноставно влезете и возете

Нашите Хибриди се дизајнирани да бидат многу едноставни за возење. Кога ќе го притиснете копчето за стартување на моторот нема да ја чуете бучавата на која вообичаено сте навикнале кај конвенционалните возила (бензин/дизел), туку само звук кој ќе ве информира дека може да тргнете! И бидејќи хибридниот систем е самостоен, и сите Хибриди се стандардно опремени со автоматски менувач, само поставете го менувачот во “Drive” позиција и уживајте во возењето на било која дестинација.

Лесна, тивка и брза испорака на моќ

При управувањето на нашите Хибриди, ќе уживате во оние важни звуци кои Ве опкружуваат, движејќи се низ градот, додека електричниот мотор испушта шум доволно тивок за да не Ви пречи. На ова моќно електрично повлекување, непречено се надоврзува ефикасниот бензиски мотор при повисока брзина, па во моменти кога Ви е најпотребно, двете стануваат едно – затоа што двата мотори работат во пар, уверливо движејќи Ве напред.

Батерии кои никогаш немаат потреба од електричен приклучок

Нема никаква потреба да се грижите за тоа колку далеку може да извозите со нашите Хибридни возила, само наполнете гориво и продолжете со патувањето, на ист начин како што би го сториле тоа со било кое конвенционално возило (бензин/дизел). И кога батеријата ќе почне да се празни, бензискиот агрегат ќе се погрижи да ја врати во нормална состојба, а вие безгрижно да продолжите со вашето патување. И тоа не е сè – секогаш кога ќе почнете да запирате, енергијата се рециклира и се полни батеријата- така што ништо не е изгубено.

Пријател на вашиот паричник и на природата

Не само што ќе уживате да бидете зад управувачот на хибридното возило, туку и ќе бидете воодушевени од тоа колку многу ќе ви заштеди. Нашите хибриди низ градот се чувствуваат како дома - гасејќи го моторот колку што можат повеќе само за да ви заштедат гориво и пари. Со ниската потрошувачка доаѓа и ниска емисија на штетни гасови. Нашите хибридни возила имаат најниска CO2 емисија во класата, и за разлика од дизелите, многу ниско ниво на штетните и канцерогени азотни оксиди (NOx). 

Хибрид за секого

Нашата хибридна приказна започна уште во 1997 година со ланисрање на  пионерскиот модел: Prius. Од тогаш нашето хибридно семејство порасна, а со изборот на 7 модели сигурни сме дека имаме хибриден одговор за секој од вас. Доколку си градски лик и бараш урбано возило, во понудата го имаме Yaris Hybrid. Доколку имате во план да го проширувате семејството и барате простор за сите, тогаш во понуда го имаме Auris Touring Sports.Накратко, ние имаме хибридни возила за секого.

 

АКЦИСКА ПОНУДА AURIS HYBRID / AURIS HYBRID TOURING SPORTS 

Модел Редовна цена во € ПОПУСТ во € Цена со ПОПУСТ во € Учество Месечна рата   Период на отплата Каско со 50% попуст 500 € франшиза Каско со 50% попуст 200 € франшиза Каско со 50% попуст без франшиза
Auris Hybrid
Auris 1.8 Hybrid Automatic Fancy 21.990 € 3.000 € 18.990 € 6.465 € 202 € 72 месеци  135 €  210 €  360 €
Auris 1.8 Automatic Touring Sports* Fancy 22.490 € 2.000 € 20.490 € 6.972 €  218 € 72 месеци   145 € 225 €  385 €

 

Доплата за металик боја: 300 EUR (16.600 Ден)

Доплата за бисерна (перла) боја: 450 EUR (27.900 Ден)

* Touring Sports= Караван

*Сите понуди се од времен карактер и се однесуваат на ограничена количина со што Тоyота Авто Центар го задржува правото без претходна најава

*Цените изразени во евра се од информативен карактер (1 Еур = 62 Денари)

*Попустот на каско осигурувањето се однесува само за првата година.

За достапноста на возилата и сите дополнителни информации контактирајте не на:

Toyota Автоцентар

Булевар 8-ми Септември број 21, 1000 Скопје
Телефон: 023088880
Е-маил: info@toyota.com.mk

Авто Чајка - Тетово 

Улица Маршал Тито бб, 1200 Тетово
Телефон: 044333090
avtocajka@yahoo.com 

Елград ДООЕЛ

Улица Железничка 24, 1440 - Неготино
Телефон: 043363159
Е-маил: ile.dimov@elgrad.com.mk
Web: www.elgrad.com.mk

Иво Маг Траде

Улица Железничка 92, 6000 Охрид
Телефон: 046262846; 078419401
Е-маил: ivo_mag_trade@yahoo.com