Гаранција
Toyota Relax - 10 години гаранција
Почитувани клиенти,
За нас во Toyota, нашите клиенти се секогаш на прво место и ние посветуваме огромен дел од нашето време на Вашата благосостојба и удобност. Свесни сме дека со изборот на Toyota автомобил, тој станува незаменлив дел од Вашиот живот, нешто на што мора секојдневно да се потпирате, во секакви услови и ситуации. Затоа сме посветени на производство на возила во согласност со најстрогите стандарди, кои се во можност да ги задоволат вашите потреби од година в година. За да можеме да Ви овозможиме максимално задоволство, ние ја подготвивме програмата Toyota Relax, со која ќе бидеме покрај Вас и ќе Ви овозможиме спокој во период од 10 години.
Бидете безгрижни и сигурни во наредните 10 години!
Toyota Авто Центар
Услови за користење на програмата Toyota Relax:
- Програмата Toyota Relax се однесува на сите нови Toyota возила испорачани по 01.06.2021 година, како и користени Toyota возила кои не се постари од 9 години и немаат поминато повеќе од 185.000 километри.
- Услов за користење на програмата Toyota Relax е возилото редовно да биде одржувано и сервисирано во овластен Toyota сервисен центар.
- Условите од програмата Toyota Relax важат само на територијата на Република Северна Македонија, Република Бугарија и Република Албанија.
Во духот на транспаретно пренесување на информации, во продолжение Ви ги испраќаме деталите од програмата Toyota Relax: Гаранциска книшка
За сите дополнителни информации можете да не исконтактирате на:
Телефон: 02/ 30 88 880
E-mail: info@toyota.com.mk
Како можам да ја продолжам гаранцијата на моето возило до 10-тата година? Линк
*Важи за испорачани возила пред 01.06.2021 година.