Политика на Тојота Авто Центар ДООЕЛ Скопје за приватност и заштита на личните податоци
1. ВОВЕД
ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: Тојота) го почитува вашето право на приватност. Без оглед на тоа дали воспоставувате деловен однос со Тојота како вработен, клиент, корисник, граѓанин или во друго својство, имате право вашите лични податоци да бидат заштитени.
Во оваа политика на Toyota/Lexus за приватност и заштита на личните податоци („Политика“) објаснуваме како ги собираме вашите лични податоци, зошто ги собираме, што правиме со вашите лични податоци, со кого ги споделуваме, како ги заштитуваме вашите лични податоци и што вие може да побарате да направиме со вашите лични податоци.
Оваа политика се однесува на обработката на вашите лични податоци во контекст на управување со човечки ресурси и активности поврзани со вработените (управување со плаќањата, безбедност и здравје при работа, избор, организациски развој), како и во контекст на разни услуги, алатки, апликации, веб-страници, портали, (Интернет) промоции при продажби, маркетинг активности, спонзорирани платформи на социјални медиуми итн. кои се обезбедени или администрирани од нас или во наше име.
Оваа политика содржи општи правила и објаснувања. Истата е надополнета со одделни конкретни известувања за приватност, поврзани конкретни услуги, алатки, апликации, веб-страници, портали, (Интернет) промоции при продажби, маркетинг активности, спонзорирани платформи на социјални медиуми итн., обезбедени или администрирани од нас или во наше име. Овие известувања за приватност ќе ви бидат соопштени секогаш кога вашите лични податоци се потребни во контекст на горенаведените активности (на пр. преку Интернет-страници, портали, индивидуални комуникациски услуги, информативни билтени, потсетници, истражувања, понуди, настани итн.).
2. ВИДОВИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ПРАВНА ОСНОВА ЗА ОБРАБОТКАТА
Кога ги бараме вашите Лични Податоци, секогаш јасно ќе ве информираме кои ваши Лични Податоци ги собираме. Овие информации ќе бидат достапни преку документот достапен за сите субјекти на лични податоци: Информации за права на субјектот кое може да вклучува, на пример, конкретна услуга (вклучувајќи комуникациска услуга), електронски билтен, потсетници и писма, истражувања, понуди, покани за настани итн.
Ви обрнуваме внимание дека во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци, вашите лични податоци може да бидат обработени ако ние имаме правна основа за обработка на личните податоци. Правни основи за обработка на лични податоци се:
- Исполнување на законска обврска - Вашите лични податоци ги обработуваме заради законски обврски (пример обврска за чување на персоналното досие на вработените).
- Исполнување на договорна обврска - Вашите лични податоци ги обработуваме и заради исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од Договорот за вработување и заради исполнување на други договорни обврски кои произлегуваат од некој друг комерцијален Договор, но во рамки на прописите утврдени во Законот за заштита на лични податоци и неговите подзаконски акти.
- Легитимен интерес на компанијата – Легитимниот интерес прозилегува од меѓусебен облигационен однос, со цел на негова реализација
- Изјава за согласност - Обработката на Вашите податоци, ако не е со законски основ можеме да извршиме само врз основа на Ваша дадена изречна согласност. Во тој случај ќе превземеме соодветни мерки, за благовремено, на транспарентен, разбирлив и лесно достапен начин да Ве известиме за целта на обработката за која ни е неопходна Вашата согласност за да можете да донесете информирана одлука за тоа дали сакате да ни ја дадете согласноста. Дополнително ќе бидете известени за Вашите законски права, како и начинот на повлекување на дадената согласност врз основа на Законот за заштита на личните податоци.
3. Кога ги обработуваме вашите лични податоци
Подолу ќе најдете примери на ситуации во кои најчесто ќе бараме ваши лични податоци и правна основа за нашето барање:
Нарачување и купување на автомобил - правната основа се претставува со склучувањето и извршувањето на договорот или извршувањето пред склучувањето на договорот за купопродажба.
Услуги за одржување и сервисирање на Вашето возило - правната основа се претставува со склучувањето и извршувањето на договорот, или извршувањето пред склучувањето на договорот за одржување и давање на услугата.
Обезбедување на финансирање - правната основа се претставува преку извршувањето пред склучувањето на соодветниот договор (на пр. оцена на кредитната способност) и извршувањето на договорот за потребите на финансирањето на купување на автомобил и меѓусебните права и обврски кои произлегуваат од овој договор.
Договор за осигурување - правната основа се претставува со склучување и извршување што произлегува од договор за осигурување.
Маркетиншки цели - правната основа се претставува со давање согласност со примање на комерцијални огласи.
Складирање на колачиња неопходни за работењето на веб-страните - правната основа ќе биде претставена од нашиот легитимен интерес бидејќи складирањето на колачиња е неопходно за правилно функционирање на веб-страните. Правната основа за користење на Претпочитани колачиња и Колачиња за перформанси и функционалност е Ваша дадена согласност дадена на Веб страната на Тојота.
Сајбер безбедност - правниот наслов ќе биде заштита на интересите на субјектите на податоците и исполнување на законската обврска, заштитата од сајбер закани е основна претпоставка за безбедно функционирање на услугите, е поврзана со следење на состојбата на возилото и други компоненти и оваа обврска ни е наметната во некои случаи со закон.
За сегментиран (директен) маркетинг – правниот основ за вршење на директен маркетинг на своите производи и услуги и за маркетинг на производите и услугите на Тојота е Вашата дадена изречна согласност.
Остварување на права од гранација на возило – правниот основ се претставува преку извршување на гаранцијата на возилото при евентуални утврдени технички или фабрички грешки.
Истражување на пазарот - Ќе ги користиме вашите лични податоци за собирање, анализирање и задржување на резултатите од квалитативно и квантитативно истражување, кое може да го изврши надворешна агенција. Вашите одговори ќе се обработуваат масовно и во никој случај, конкретни податоци нема да бидат поврзани со вас. Правниот основ за вршење на овие активности е вашата дадена согласност.
4. ЗА КАКВИ ЦЕЛИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ние ги обработуваме вашите Лични Податоци за конкретни, јасни и легитимни цели и последователно нема да ги обработуваме вашите Лични Податоци на начин што е некомпатибилен со тие цели.
Таквите цели може да бидат исполнување на нарачка направена од вас, подобрување на вашите посети на која било од нашите веб-страници или портали, целокупно подобрување на нашите производи и услуги, обезбедување услуги или апликации, маркетинг активности итн. Целта на секоја Обработка на вашите Лични Податоци ќе биде јасно наведена во Информациите за субјектот на личните податоци достапно во врска со таа конкретна Обработка. Овој документ ќе биде достапен, на пример, на веб-страница или портал, во апликација, во електронски билтен, итн.
5. ОДРЖУВАЊЕ на вашите лични податоци точни и ажурирани
За нас е важно да одржуваме точни и ажурирани записи за вашите Лични Податоци.За таа цел податоците кои се прибрани по пат на согласност ќе бидат ажурирани на секои 6 години или ќе бидат избришани по повлеквуање на вашата согласност. Понатака при секое добиено барање за иземна, бришење и дополнување на лични податоци ние ќе реагираме соодветно во рок од 15 дена. Ве охрабруваме преку јавно достпаните урнеци да пријавите било какви промени или неточности во вашите лични податоци. За да се осигураме дека не обработуваме податоци по истек на рокот за кои се наменети Тојота воспостави процедура со рокови за бришење на сите документи кои содржат лични податоци. Ние ќе ги преземеме потребните активности за бришење или ажурирање (каде што е потребно) на какви било неточни или застарени Лични Податоци.
6. ПРИСТАП ДО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вие Имате право да пристапите до вашите лични податоци кои ги обработуваме, и ако овие лични податоци се неточни или нецелосни, имате право да побарате исправка. Во секое време, под услови утврдени со закон, може да побарате бришење на вашите лични податоци („право да се биде заборавен“) или ограничување на обработката. За таа цел користете ги урниците кои се јавно додстапни на веб страната на Тојота
7. КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите Лични Податоци ги чуваме во согласност со важечкото законодавство за заштита на Личните Податоци за периодот кој е неопходен за исполнување на целите за кои ги обработуваме или за исполнување на нашите законски обврски.
Договори, анекси и пропратни документи (нарачки за купување, Општи услови, нарачки за продажба-набавка на возила, протоколи за испорака-прифаќање, договори за закуп, договори за комисија, копии од продажни фактури -, , итн.) ги чуваме 10 години од последната активност поврзана со предметот на договорот.
Постпродажни податоци (понуди за услуги, записи за делови, налози за поправка, поплаки) ги чуваме 10 години од последната активност.
Услуги за клиенти
прашања за Helpdesk ги чуваме 2 години
формулари за тест возења ги чуваме 3 години
казните од тест возењето ги чуваме 10 години
формулари за согласности ги чуваме 6 години
поплаките ги чуваме 10 години
Дадени согласности (за маркетинг активности или за електронско известување или профилирање) ги чуваме се до повлекувањето на согласноста од страна на субјектот, дадените согласности се проверуваат на 6 години
За дополнителни информации за тоа колку долго ќе се чуваат одредени Лични Податоци пред да бидат избришани од нашите системи и бази на податоци, исто така можете да контактирате со нас на начинот опишан на начин опишан во Точка 15 КОГО МОЖЕТЕ ДА КОНТАКТИРАТЕ АКО ИМАТЕ ПРАШАЊА ИЛИ БАРАЊА?.
8. ЗАШТИТА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ние применуваме збир на соодветни технички и организациски безбедносни мерки за да ги заштитиме вашите Лични Податоци од незаконски или неовластен пристап или употреба, како и од случајно губење или оштетување на нивната целина. Овие мерки се развиени во согласност со информатичката технологија што ја користиме, поврзаните трошоци за спроведување, природата, обемот, контекстот и целите на обработката, како и во согласност со стандардите и практиките применети во нашата индустрија.
Вашите лични податоци може да бидат обработени од трето лице – Обработувач само под услови предвидени со закон и само ако тој се согласи да ги примени истите технички и организациски безбедносни мерки.
Секој Обработувач кој обработува лични податоци за име и за сметка на Тојота, има потпишано Договор за обработка на личните податоци, и се обврзува да применува соодветни технички мерки за сигурност на податоците.
Одржувањето на безбедноста на податоците значи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и од случајно губење, уништување или оштетување на вашите лични податоци:
а) Доверливост: ние ги штитиме вашите лични податоци од несакано откривање на трети лица.
б) Целокупност и интегритет: ние ги штитиме вашите лични податоци од промени од неовластени трети лица.
в) Достапност: гарантираме дека само овластените лица имаат пристап до вашите лични податоци кога тоа е потребно.
Нашите мерки за безбедност на лични податоци вклучуваат:
Контролиран пристап – пристапот до системите за складирање на лични податоци не е доделен на никого без соодветна лозинка или двофакторна проверка, така што податоците се достапни само за овластени лица.
Контрола на пристап – усвоивме мерки кои спречуваат неовластено читање, копирање, менување, отстранување од системот или друго справување со нив.
Создавање псевдоними – ги обработуваме личните податоци со нивно менување во форма во која тие не се припишуваат на одредено лице (тие се псевдонимизирани).
Контрола на преносот – сите што се занимаваат со лични податоци при нивниот електронски пренос е заштитена за да се спречи неовластено читање, копирање, измена или бришење.
9. ОТКРИВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
На кои категории на корисници може да им ги доставиме личните податоци:
- Друштва за осигурувања – Сава Осигурување (со седиште: Загребска бр. 28A, 1000 Скопје) ,
Триглав осигурување(со седиште: бул. 8-ми Септември, бр.16, 1000 Скопје)
Кроација осигурување (со седиште: улица Костурски херои бр.38, 1000 Скопје)
Евроинс осигурување (со седиште: бул. 8-ми Септември бр.19А)
ГРАВЕ осигурување (со седиште: улица Пиринска бр.23)
А.Д. Осигурителна Полиса (со седиште Бул. Св. Климент Охридски бр. 26 1000 Скопје)
Македонија осигурување – Vienna Insurance Group (со седиште: ул. 11 Октомври бр.25 Скопје)
Омада осигурување (со седиште: улица 852 бр.62 (Комплекс газела) Скопје)
Ризико осигурување (со седиште: улица Пролет бр 9А/Приземје Скопје)
Вега осигурување (со седиште: Бул Св. Климент Охридски 45, кат 1 Скопје)
Винер – Виена Иншуренс Груп АД (со седиште: Бул. Борис Трајковски 62 1000 Скопје)
со цел реализација на права од oсигурување (здраствено, пензиско или друг тип на осигурување);
- Управата за јавни приходи (со седиште бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје), со цел плаќање даноци остварени од продажба на продукти, или плаќање на даноци при правање на наградни игри
- Банки и други финансиски институции – Комерцијална Банка (со седиште: ул. Орце Николов бр. 3), со цел комуникација и регулирање на должничко-побарувачки односи меѓу потрошувачи и Тојота и вршење на сметководствени работи поврзани со вработените на Тојота
- Министерство за внатрешни работи, (со седиште ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје) во случај на безбедносни инциденти поврзани со потрошувачи, вработени или други лица кои би можеле да бидат вклучени во безбедносни инциденти
- Агенција за заштита на личните податоци (со седиште бул.„Гоце Делчев“бр. 18), во случај на безбедносни инциденти со прoтекување на информации на вработени или корисници
- Финансиска полиција (со седиште: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3
1000 Скопје), за пријавување при купување на возило од страна на корисник - Нотари, извршители или адвокати, во случаи на потреба од правна помош
- Државен пазарен инспекторат (со седиште: ул. Луј Пастер бр. 1, кат 3
Скопје), при вршење на инспекциски надзори - Носители на јавни овластувања, Со цел спроведување на законот, под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци доколку тоа го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи (на пример, инспекциски служби, суд, обвинителство или друг надлежен орган).
Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:
- Усогласување со некоја законска норма
- Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
- Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста
Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци
- Агенции за наплата на побарувања -со цел вршење на услуги за наплата на побарувања во должничко-доверителски односи со потрошувачи
- Маркетинг агенции –, со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности, за информирање на потрошувачи за нови продукти и новости поврзани со Тојота
- Надворешни изведувачи на, со цел вршење на услуги за одржување на системите, администрација и развој на системи и апликации, кои би можеле да имаат пристап до согласностите на потрошувачите или до податоци на вработените
- Сметководители - (со седиште: Гиго Михајловски бр.1 влез 3 локал 2), со цел извршување на активности од областа на смеководството, давање примања на вработени, плаќање на должности и давачки.
Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци –со цел водење на архивата кои може да имаат податоци за вработени или за клиенти
10. КОРИСТЕЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
Ако при користење на нашата веб-страница или портал, ја користите вашата регистрација во одредена социјална мрежа (на пример, вашиот профил на Facebook), ние ги бележиме вашите лични податоци достапни на тие социјални мрежи и со вашето користење на таква социјална мрежа значи дека вие изрично сте го одобриле давањето на тие ваши Лични податоци регистрирани од нас преку оваа алатка.
Линкови: На нашата веб страница може да обезбедиме линкови до веб страници или извори на информации на трети лица. Обезбедувањето на таквите линкови од наша страна не значи дека препорачуваме било која од информациите, производите или услугите до кои доаѓате преку таквите линкови. Не сме одговорни за содржината или перфомансите на било кој дел од Интернетот, вклучувајќи ги и другите веб страници до кои нашата веб страница може да Ве одведе или до кои може да пристапите преку нашата веб страница. Ве молиме да нѐ информирате доколку наидете на грешки или несоодветен материјал на веб страниците до кои нашата веб страница Ви дава линкови.
Датотеки за евиденција: Кога ја посетувате нашата Веб страна, нашиот веб сервер автоматски го зачувува името на доменот или IP адресата на компјутерот кој го испраќа барањето (обично компјутер на вашиот провајдер на интернет пристап) вклучително датумот, времето и времетраењето на вашата посета, подстраниците/URL адресите кои ги посетувате и информации за апликациите и терминалите кои ги користите за преглед на нашите страници.
Колачиња: Со цел да ја направиме нашата Веб стрaница што е можно поедноставна за користење, ние користиме колачиња. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувани во вашиот пребарувач. Овие датотеки ни помагаат да препознаеме одредени параметри на нашите посетители при сурфањето и според тоа да ја дизајнираме нашата страна. Најголемиот дел од колачињата кои ги користиме се колачиња за сесија. Тие автоматски се бришат на крајот на вашата посета. Меѓутоа, користиме и трајни колачиња. Тие служат за подобрување на упатствата за корисниците. Нашите колачиња не собираат лични податоци и не се соодветни за ваша идентификација на Веб страни на трети лица. Можете да го нагодите вашиот пребарувач да Ве известува за поставувањето на колачиња со цел користењето на колачињата да биде транспарентно за вас. Во принцип, може и да одбиете да прифатите колачиња преку нагодувањата на Вашиот пребарувач. Меѓутоа, ова може да значи дека може да не бидете во можност да ги користите функциите на нашата веб страница.
Ние понекогаш посредуваме во објавување на (лични) податоци преку социјалните мрежи, како што се Twitter и Facebook. Социјалните мрежи имаат свои услови за користење, кои треба да ги знаете кога сте активни преку нив. Потсетуваме дека објавите на социјалните мрежи може да имаат одредени последици, вклучувајќи ја и доверливоста на вашите лични податоци или личните податоци на лицата кои ги споделувате, на пример, неможноста да се повлече објава на краток рок. Вие сте единствено одговорни за вашите објави на социјалните мрежи. Ние не сме одговорни за вашите објави.
Опции за барање на информации: Ние обезбедуваме различни информации и опции за консултација преку образец за контакт на нашата веб страница. Во зависност од опцијата која ќе ја изберете, ние обработуваме различни лични податоци:
а) Контакт
Ако нѐ контактирате преку еден од каналите наведени на нашата веб страница, ние ќе ги обработиме сите лични податоци што се содржани во вашата порака и што вие сте ги обезбедиле, со цел да го обработиме и да одговориме на вашето барање.
b) Информации преку пошта/електронска пошта
Доколку сте побарале да биде испратен материјал за информации, ние ќе ги обработиме податоците кои ќе ги наведете во образецот за контакт, барем вашето име и презиме и податоци за контакт каналот кој сте го избрале (поштенска адреса и/или електронска пошта) за еднократна испорака на материјалот кој сте го побарале.
c) Консултации по телефон
Доколку сте побарале консултации по телефон, ние ќе ги обработиме податоците кои ги кои ќе ги наведете во образецот за контакт, барем вашето презиме и име како и вашиот телефонски број со цел да ја обезбедиме бараната консултација по телефон.
d) Лична консултација
Доколку сте побарале лична консултација, ние ќе ги обработиме податоците кои ќе ги наведете во образецот за контакт, барем вашето презиме и име како и вашиот телефонски број и/или електронска пошта, со цел да Ве контактираме за да закажеме состанок за лична консултација.
11. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ Надвор од ЕУ/ЕЕП
Вашите Лични податоци може да бидат пренесени во Република Бугарија. Република Бугарија е членка на Европската Унија, и е усогласена со Европската Регулатива за заштита на личните податоци (GDPR), а со тоа и со Законот за заштита на личните податоци.
Вашите Лични податоци може да бидат пренесени на приматели кои можат да бидат надвор од ЕУ/ЕЕП и може да бидат обработени од нас и тие примачи надвор од ЕУ/ЕЕП исклучиво во согласност со важечкиот закон. Ние применуваме соодветни конкретни мерки за да обезбедиме соодветно ниво на заштита на вашите Лични податоци при пренесување во земји надвор од ЕУ/ЕЕП, кои генерално не обезбедуваат исто ниво на заштита на податоците како ЕЕЗ или за истите не може да се претпостави нивото на заштита.
Ние секогаш ќе ве известуваме јасно кога вашите лични податоци ќе бидат пренесени надвор од ЕУ/ЕЕП. Овие информации ќе ви бидат дадени преку документот Информации за субјектот на личните податоци во врска со таа конкретна Обработка (вклучувајќи и услуги за електронски комуникации), електронски билтени, потсетници, истражувања, понуди, покани за настани итн.
12. ВАШИТЕ ПРАВА
Ние сакаме да бидеме што е можно потранспарентни кон вас, затоа вие можете да ни покажете кој е вашиот избор како сакате да ги користиме вашите Лични податоци.
- Избор за тоа како да ве контактираме
Имате различни опции за избор на начинот на кој сакате да ве контактираме, преку кој канал (на пр. електронска пошта, пошта, социјални мрежи, телефон), за каква цел и колку често, со прилагодување на поставките за доверливост на уредот или со ажурирање на вашиот кориснички профил или со следење на упатствата за повлекување содржани во (добиената) комуникација.
- Вашите Лични податоци
Секогаш можете да контактирате со нас, како што е наведено во Точка 3 КОГО МОЖЕТЕ ДА КОНТАКТИРАТЕ АКО ИМАТЕ ПРАШАЊА ИЛИ БАРАЊА?, за да дознаете кои ваши Лични податоци се зачувани кај нас и од каде потекнуваат. Под одредени услови утврдени со закон, имате право да ги добиете вашите Лични податоци кои ни ги имате дадено во структуиран, вообичаено користен, машински читлив формат и/или (ако е технички возможно) да добиете директен пренос на друг контролор назначен од вас.
- Право на исправка
Ако најдете грешки во вашите Лични податоци или ако тие се нецелосни или неточни, може да побарате да ги исправиме неточните или дополниме нецелосните лични податоци.
- Право да побарате ограничување на Обработката
Имате право, под услови утврдени со закон, да побарате ограничување на Обработката на вашите Лични податоци (на пример, кога се врши проверка на точноста на вашите Лични податоци).
- Право на приговор
Имате право во секое време согласно важечкиот закон да поднесете приговор на обработката на вашите Лични податоци, како и приговор на обработката на вашите Лични податоци за цели на директен маркетинг (доколку сакате, исто така може да наведете преку кој канал за комуникација и колку често сакате да ве контактираат) или споделувањето на вашите Лични податоци со трети лица за такви цели.
Имате право да ја повлечете вашата согласност за продолжување на Обработката на лични податоци дадени од вас во кое било време на начин наведен во Точка 3 КОГО МОЖЕТЕ ДА КОНТАКТИРАТЕ АКО ИМАТЕ ПРАШАЊА ИЛИ БАРАЊА?.
- Покрај тоа, може да побарате да ги избришеме сите лични податоци кои се однесуваат на вас („право да се биде заборавен“) (освен во одредени случаи, на пример - за докажување на трансакција или кога постои законска основа).
13. Постапка за остварување на правата на субјектите на лични податоци
Субјектите на личните податоците можат да ги користат правата според оваа Политика со поднесување барање за остварување на соодветното право.
Барање за остварување на правата на субјектите на лични податоци може да се поднесе на следниот начин:
- Електронски на следната адреса на електронско сандаче: info@toyota.com.mk;
На веб-страницата на Друштвото: Контактирајте не: https://www.toyota.com.mk/article/kontakt/
- По пошта на адресата на ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ СКОПЈЕ: Бул. 8-ми Септември бр. 21, Скопје - Карпош.
Барањето за остварување на правата во врска со заштитата на личните податоци треба да ги содржи следниве информации:
- Идентификација на лицето - име и презиме;
- Контакти за повратни информации - адреса, телефон, адреса на електронско сандаче;
- Барање - опис на барањето.
ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје обезбедува информации за преземените активности во врска со барањето за остварување на правата на субјектите во рок од 15 односно 30 дена (во зависност од природата на барањето) по приемот на барањето.
Ако постои законска можност, роковите од претходниот став може да се продолжи за дополнителни 60 дена, земајќи ги предвид комплексноста и бројот на барања од одредено лице. ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје го информира лицето за секое такво продолжување во рок од 15 односно 30 дена (во зависност од природата на барањето) по приемот на барањето, наведувајќи ги причините за доцнењето.
ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје не е должен да одговори на барање во случај да не е во можност да го идентификува субјектот на податоците.
ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје може да побара обезбедување дополнителни информации потребни за потврда на идентитетот на субјектот на податоците.
Кога барањето е поднесено по пат на електронски средства за комуникација, информациите, каде што е можно, се обезбедуваат со електронски средства, освен ако субјектот на лични податоци не побарал поинаку.
Ве молиме да имате во предвид дека имате право да поднесете барање против Контролорот до надлежниот орган за заштита на личните податоци
Во однос на ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје (како Контролор) надлежен орган за заштита на личните податоци е Агенцијата за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.
14. Кого можете да контактирате ако имате прашања или барања?
Контакт за прашања во врска со заштита на личните податоци
Овозможуваме Контакт во врска со прашања поврзани со заштитата на личните податоци, каде што ќе одговориме на вашите прашања или барања во врска со оваа политика, конкретни известувања за приватност, Вашите Лични Податоци (и нивна Обработка).
Било какви прашања, барања или поплаки во врска со примената на оваа Политика или остварувањето на вашите права, како што е опишано во оваа Политика, може да ги упатите на следниот Контакт во врска со прашања поврзани со Заштитата на Личните Податоци:
ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ СКОПЈЕ
Бул. 8-ми Септември бр. 21, Скопје - Карпош
info@toyota.com.mk
15. ПРАВНИ ИНФОРМАЦИИ
Наводите од оваа Политиката ги дополнуваат и не ги заменуваат другите наводи од важечкото законодавство за заштита на личните податоци. Во случај на судир помеѓу оваа Политика и важечкото законодавство за заштита на податоците, предност ќе има последното.
ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје има право да ја менува оваа Политика во секое време. Во таков случај, ние ќе ве известиме за ваквите промени и ќе ве замолиме да се запознаете со најновата верзија на оваа Политика и да го потврдите нејзиното прифаќање. Политиката е достапна на www.toyota.com.mk, каде можете да се запознаете со неа и со сите последователни промени.