Правила и услови на користење на веб страницата
Веб-страната toyota.com.mk е креирана и создадена од Toyota Авто Центар Скопје ,со седиште на ул Скупи бб Скопје Р. Македонија.. За потребите на правилата и условите на овој сајт, Toyota Авто Центар ја вклучува и компанијата Toyota Motor Europe и другите компании што се поврзани со неа.
1. Интелектуална сопственост
Сите материјали на овој сајт се интелектуална сопственост на Toyota Авто Центар . Овие материјали не смее да бидат копирани или репродуцирани, освен до оној степен што е доволен за да се видат онлајн. Доколку имате потреба за повеќе информации, контактирајте го секторот маркетинг на Toyota Авто Центар.Можете да печатите цели страници од сајтот за ваша лична употреба.. Ваквите активности се покриени со правилата и условите за копирање на компанијата Toyota Авто Центар.
Toyota Авто Центар не гарантира дека овој веб сајт ќе функционира во целост, ќе биде стабилен и без грешки. Toyota Авто Центар во ниту еден случај нема да биде одговорна за било каква оштета или загуба која сте ја претрпеле како резултат на посета на овој сајт или обезбедувајќи било какви информации
2. Вистинитост на информации
Информациите на овој сајт се наменети за корисниците на автомобилите Toyota и Lexus во Р. Македонија и може да бидат невалидни за други надлежности. Toyota Авто Центар се стреми да ја осигури точноста и ажурноста на содржината на овој сајт. Меѓутоа, Toyota Авто Центар го задржува правото да ги смени спецификациите на производите во кое било време без предходна најава.
3. Заштита на податоци
Toyota Авто Центар ја почитува приватноста на секој поединец што ќе го посети овој сајт. Во форумот на овој сајт секој корисник си сноси одговорност за објавениот текст и податоците кои ги има оставено.
Личните податоци собрани за време на посетите на нашиот веб сајт кај нас се процесираат согласно правните прописи во Р. Македонија. Веб страната на Toyota Авто Центар може да содржи линкови кои не се покриени за заштита на податоци.
4. Закон и надлежност
Сите спорови што може да се јават во врска со овој сајт ќе бидат решавани по судски пат и во согласност со законите во Р.Македонија