Ветување кон клиентите
Како овластен претставник на Toyota, ние сме посветени на следниве принципи:
- Нашиот персонал секогаш ќе ви посака Добредојде во нашите простории
- Секогаш ќе бидете љубезно услужени и веднаш
- За време на Вашата посета, нашиот персонал секогаш ќе ви предложи основен преглед на возилото и ќе бидеме спремни со Вас да разговараме и помогнеме во врска со сите технички проблеми кои можеби ги имате
- Вие секогаш ќе добиете информација за цена на чинење на интервенцијата пред да се решите дали да продолжите со поправката или интервенцијата.
- Вие секогаш ќе го превземете Вашето возило поправено при првата интервенција
- Со цел Вашата посета да биде максимално удобна, секогаш ќе ви бидат понудени алтернативни решенија за превоз
- Вашето возило секогаш ќе биде внимателно проверено пред да ви биде вратено
- Вашето возило секогаш ќе биде поправено и вратено на Вас, во ветениот рок
- Секогаш ќе имате детално објаснување на фактурата и на интервенциите кои што сме ги извршиле
- Ќе ви понудиме можност за целосно детално испитување на возилото доколку сметате дека такво нешто е потребно
- Вашето возило секогаш ќе ви биде вратено во чиста состојба
- Ние ќе ве контактираме во период од три дена после Вашата посета, со цел да не информирате за Вашето мислење во однос на квалитетот на услугата која сте ја добиле кај нас
Доколку сте имале некаков проблем со услугата која што сме ја понудиле, Ви ветуваме дека ќе ви одговориме во најкус рок и дека ќе ги сведеме на минимум непријатностите кои сте ги имале